Телескоп 30 пати поголем од Земјата

18 јули, 20110
space-telescope

Русија лансираше телескоп кој ќе се поврзе со радио антените на Земјата и ќе формира најголем телескоп досега.  Дијаметарот на телескопот RadioAstron ќе биде дури 30 пати поголем од Земјата и ќе има 10.000 пати поголема резолуција од телескопот Hubble.

RadioAstron е замислен уште пред три децении, меѓутоа мисијата ја изгубила својата динамика кога се распадна Советскиот Сојуз во 1991 година. Тој ќе се движи во орбита од 10.000 до скоро 399.000 километри од земјата.

Веднаш штом ќе стигне во орбитата, ќе се отвори антената со дијаметар од 10 метри од 27 листови карбон-фибер. Набљудувањето и остатоците од експлозиите на ѕвездите длабоко во вселената ќе започнат за неколку месеци.

httpv://www.youtube.com/watch?v=47OXRyi4aH4

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi