Шминката се користи во повеќето случаи за да се нагласи природната убавина, но понекогаш луѓето ја ослободуваат својата креативност со неа на многу уникатен начин. Некои луѓе имаат талент за музика, некои за спорт, а некои знаат да цртаат оптички илузии на нивните лица.
Еден од нив е шминкерот Лукас Лук, кој црта неверојатни оптички илузии на лицето и телото со шминка, кои на прв поглед изгледаат реално. Видеата се уште поверодостојни, бидејќи изгледа како неговите делови од телото всушност да се раздвојуваат.
Судејќи според секојдневните кадри и слики, Лукас има неисцрпна инспирација, па им покажува нова илузија на луѓето што го следат секој ден.
Се што црта е направено со помош на шминка и има различни дела, почнувајќи од планетата Земја што му „излегува“ од главата, преку лижавчето со кое го „прободе“ образот, до свеќата што гори оставајќи стопен восок да му капе по образите ..