Свинската маст можете исто така да ја користите за нега на кожата.
Покрај нејзината голема употреба во готвењето, но и за здравствени цели, свинската маст може да се користи за нега на кожата, како и косата.
Не треба да се грижите за непријатниот мирис кој го има, бидејќи во комбинација со сода бикарбона, камилица, невен или есенцијално масло што ви се допаѓа, мирисот ќе се неутрализира, но не и придобивките од маста.
Во народната медицина, маста се користела за испукани пети или суви раце, а исто така е ефикасна за многу проблеми со кожата, како што се мозолчиња.
Покрај тоа, свинската маст е идеална за нега на косата, особено ако имате сува коса, бидејќи со помош на маста, косата ќе биде свиленкаста и мека. Нанесете ја на валкана коса пред миење, а после миење исплакнете со чај од камилица.
Свинската маст добро се покажа и во борбата против стриите, особено оние што се јавуваат по породувањето. Ако ви пречи мирисот на сало, измешајте ја со хидратантна крема или масло што го користите за телото и добро истријте ја кожата.