Сара Џесика Паркер имаше неколку фустани по кои ја паметиме, дали е ова следниот?
Култната серија „Сексот и градот“ наскоро ќе добие продолжение, а дотогаш ќе ги следиме се уште популарните стајлинзи на Кери, главниот лик или актерката Сара Џесика Паркер.
За време на емитувањето на серијата од 90 -тите, хероините од серијата ги диктираа модните трендови. Жените ширум светот внимателно следеа што ќе облечат во следната епизода и така од сезона во сезона.
Во моментов се снима новата сезона на серијата во Њујорк, а Сара прошета уште еден потенцијален „фустан на Кери“.
Имено, актерката носи елегантен набран син фустан со едно голо рамо и должина до под коленото.
Сара го искомбинира со бела долга јакна и светкави сандали. Ја врза косата во ниска, залижана пунџа, која се уште одлично и стои.