Дамите, барем оние вистинските секогаш мора да бидат уредни, дотерани, стокмени, средени… Секако во зависност од приликата, но сепак. Фризура, шминка, нокти, соодветна гардероба за соодветна пригода!

Особено ако се работи за јавни, па уште и естреадни личности, кои на некој начин се олицетворение за убавина и естетика, како треба да изгледа една комплетна жена, тогаш тука нема место за компромис, уште помалку за пропусти.

Тоа добро го знае и фолкерката Ирена Спасовска, па затоа побрза комплетно  да се среди, од глуждови до веѓи. Маникир, педикир, депилација, фризура за комплетна визура. И тоа по најсовремени стандарди, за пејачката да изгледа совршено.

Арно ама, како ништо не совршено зашто и во совршеното постојат несовршености, еден мал детал „го расипа“ совршенството од изглед на фолкерката, која очигледно наместо козметичарката и фризерката, најпрвин требала да ја посети шнајдерката!

Иако ништо страшно, сепак воочливо, ако е тоа – тоа што се гледа на видеото и фотографиите, на кои Ирена ја споделува својата убавина по совршената козметичко-фризерска кура.

Имено, сакајќи да покаже колку убаво изгледа по интервенциите на вештите раце на професионалците задолжени за нејзината естетика, не забележа дека во нејзината убавина има едно мало дупче.

 

И тоа на незгодно место… одзади? Или барем така изгледа она што може да се види на секое нејзино вртење, на видеото кое го споделила на своите Инстаграм приказни.

Дупче како дупче, се случува, иако тоа нешто друго кажува: Или фустанчето е од некое поевтино материјалче, па се случува да пукне по шавот или е од некое време кога фолкерката била малку „потенка“ во струкот, кукот или… каде веќе?

Ако материјалчето е такво какво што е, можеби ѝ се стеснило и од перење, кој да знае?

Затоа пак хеланките за во теретана се бренд, марка која може без последици да ги издржи сите напори и притисоци.

Шегата на страна, било дупче или нешто друго, Ирена секако изгледа убава и средена.

Можеби не ѝ се погодиле фустанчето или шнајдерката, ама затоа врвни и се козметичарката, меникирот, педикирот и фризерката!

Преземено од vistina.com.mk