Како може вашиот ориз да биде мек и свеж како штотуку да е сварен? Постои еден многу едноставен трик, а за тоа ви треба само коцка мраз!
Без разлика дали правиме пилав, рижото или го јадеме како прилог, оризот многумина го обожаваат поради неговата лесна подготовка, леснотијата на готвење и различните комбинации со друга храна.
Јасно е дека оризот е највкусен кога е свеж, мек, а потоа кога јадеме ориз од претходниот ден, зрната често се суви и покрај подгревањето. Сепак, лесно може да си ја врати мекоста, а за овој трик потребна ви е само обична коцка мраз.
Освен различните методи што можете да ги испробате, ова е еден од најефикасните. Коцката мраз е клучна за оризот да ја врати идеалната текстура и да биде свеж. Кога ќе го загреете оризот со мраз во микробранова печка, таа ослободува влага и оризот „се враќа“ во мека состојба.
Истурете го оризот во чинија, а мразот во средината. Загрејте ја чинијата во микробранова печка неколку минути, додека не се загрее. Мразот нема да се стопи, затоа извадете го и уживајте во мекиот и свеж ориз!
Ако загревате цело тенџере, тогаш обрнете внимание на тоа што мразот побрзо ќе се стопи. Пробајте помали парчиња мраз и проверете дали оризот ја впива течноста. Ако е сув, додавајте парче по парче мраз додека не го добиете оптималниот резултат.