Мажите никако да сфатат дека жените понекогаш не се во состојба да ги покажат јасно своите чувства, па користат кратки фрази кои, според правилата, подоцна предизвикуваат бура.
Не е тешко да научите како да избегнете караница, доколку знаете кои зборови во женскиот речник значат “Бесна сум“.
“Добро“ е збор кој жените го користат за да ја прекинат караницата за која сметаат дека е непотребна бидејќи тие се во право, а вие можете малку да замолчите.
“Пет минути“ е дотерување за половина час, но ако тоа ви го каже додека гледате натпревар, навистина изгледа како да поминале пет минути кога таа очекува да завршите со седење пред телевизорот и да и помогнете во работата.
“Ништо“ е најава дека сте паднале во длабока неволја. Бидете подготвени, бидејќи расправиите кои почнуваат со “ништо“ обично завршуваат со “добро“.
“Не е важно, јас ќе го направам тоа!“ значи дека сте знаеле оти нешто требало да направите, но сте дозволиле работата да ја дочека кога ќе си дојде од работа. Обично води до прашањето: “Што ти е?“, а како одговор следува: “Ништо“.
Воздивнувањето е невербална комуникација која мажите најчесто погрешно ја разбираат. Гласна воздишка значи дека таа мисли дека сте идиот и не разбира зошто го троши своето време на објаснување зошто не и е “Ништо“.
“Во ред е“ е една од најопасните изјави што мажот може да ги чуе. Значи дека треба добро да размислите како ќе платите за направената грешка.
“Само напред“ е предизвик, а не дозвола.
“Благодарам“ обично значи токму тоа, освен ако не е во дополнето издание: “Е баш ти фала“. Погрешната употреба: “Нема на што“ доведува до “Како и да е“.
“Како и да е“ е пристоен женски начин да ви кажат: “Е** се!