Марија Шрајвер повикала брза помош сосема смирено и сталожено… по несереќата на нејзиниот син Кристофер Шварценегер, во Малибу минатиот викенд. Несреќата се случила додека тој сурфал, го покрил голем бран и се здобил со неколку скршеници и колапс на белите дробови.
“Тој не може да се движи на плажата…можеби има скшени ребра или слично. Се работи за мојот син…тој е буден и дише…само неможе да се движи. Има проблеми со дишењето”, се изјаснила ”загрижената“ мајка.
Кристофер бил пренесен во најблиската болница, каде му биле пронајдени повеќе скршеници и колапс на белите дробови. Но докторите веруваат дека се ќе биде во ред.