Спиев со 2.000 жени

popara25 јули, 20111min00
080213133337-large

– Не ми се верува дека се заљубив во тебе на прв поглед. Се додека не те сретнав, не знаев што е тоа љубов, за мене љубовта беше само загатка – вака обично им приоѓам на дамите кои се во средните години, започнува Славиша Л., познат како Џанкарло, жиголо од Врањачка Бања.
Последните неколку години, живее во Белград, затоа што, како што вели тој, во Врањачка Бања условите за работа станале невозможни.
– Се започна пред 25 години кога дојдов од Косово во Врњачка Бања. Бев без работа и добив понуда од еден мој пријател, сопственик на казино, да започнам да работам како жиголо. Италијанката Антонела ми беше првиот клиент. Додека нејзиниот сопруг во казиното губеше огромна сума на пари, јас поминав со неа незаборавни моменти во нивната хотелска соба – раскажува Џанкарло за своите почетоци.

Со текот на времето, вели тој, започнал да оди во теретана и на пливање, за подобро да ги обликува мускулите на неговото тело и да биде во добра физичка состојба. Ја обновил својата гардероба, купил костуми по најновата мода, модерни чевли, секој ден одел во библиотека и читал љубовни романи, учел стихови од песни кои подоцна ги користел во освојувањето на средовечните дами. Започнал да учи странски јазици, учел историја и станувал подобар и подобар.
– Имав повеќе од 2.000 жени, поголемиот дел од нив беа постари госпоѓи, деловни и успешни жени кои сакаат да доминираат. Некои од нив беа слободни, а други во брак. Ќе излезеа порано од работа, ќе се јавеа на сопругот, со објаснување дека има многу гужва по пат, поради што дома ќе стигнат околку половина час подоцна. Погрешно е тврдењето дека сите жени се исти. Унгарките и Македонките се навистина интересни жени, а во последно време имам и голем број на клиенти од Кина и Јапонија.

На странските државјанки, доволно е да им покажете малку нежност и да бидете внимателен, додека пак нашите бараат повеќе, сакаат да бидете интересен, духовит, елоквентен – раскажува Џанкарло.
Досега, сите барања што ги имале клиентите, “успешно“ ги завршувал.
– Моите клиенти најчесто се жени во педесеттите години. Имав клиентка, над 80 години, иако прво ми велеше дека не сака секс…но сепак, знаете вдовици над 40 години. Но, на бабичката и требаше само една ноќ и се “подмлади“. Се сеќавам, и на Сесилија од Јужна Африка, која работеше во меѓународната мисија. Таа во одредени моменти беше навистина опасна во кревет, па дури во некои моменти чувствував страв, ако ми го гризне “алатот“, тогаш што ќе правам – вели Џанкарло смеејќи се.


Имал и необични ситуации, кога љубоморни мажи го бркале со пиштол, но исто така и многу интересни, како секс во тоалет на авион неколку илјади метри надморска висина.
– Најмногу работа имам за 8-ми март, тогаш дури работам и прекувремено. Често знам на шега да кажам дека тој ден треба да направам распоред за работа, исто како да работам во училиште. Тогаш доаѓаат жени од сите делови, Унгарија, Македонија, Босна и не е лесно да изберете со која ќе бидете, од која најубаво ќе “профитирате“. Оваа година на 8-ми март го поминав на Копаоник, со една постара клиентка – вели Џанкарло.

Во текот на овие долги години напорна работа добивал разни “награди”. Од една задоволна клиентка добил стан во Петровац. Покрај големите суми на пари добивал злато, “Rolex” часовници, скапа облека…
– Многу жени ми имаат ветувано планини и долини, но не вреди, не можам да се врзам со една, што да направам кога природата ми дала “талент“ да направам многу жени среќни. Си ветив 5.000 жени, а потоа би можел да се пензионирам – ја завршува својата приказна Џанкарло.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag