
Откако се разведе американската раперка и реалити ѕвезда Ким Кардашијан, Канје Вест се однесува како тинејџер чие срце за прв пат е скршено. Пред неколку недели имаше девојка, која малку личеше на неговата поранешна сопруга, но сега е виден со нова избраничка која морничаво потсетува на Ким Кардашијан, а многумина ја нарекуваат „Кардашијан од Алиекспрес“.
Пред неколку недели сите зборуваа за контроверзната Џулија Фокс, која американскиот рапер му ја претстави на светот како негова нова избраничка.
Нејзината биографија и стил беа анализирани, таа ги кажа лудите изјави кои ги даваше за медиумите за врската, а на Тик Ток дури стана вирална поради работите што ги кажа во еден подкаст.

Во меѓувреме, Канје Вест се посрамоти на Инстаграм, обвинувајќи ја својата поранешна сопруга дека е лоша мајка и се обидува да го понижи момчето на Ким, комичарот Пит Дејвидсон.
Интернетот изгледа повеќе ја осуди новата девојка на раперот отколку него. А сега мета на критики е неговата нова девојка, Инстаграм моделот Чејни Џонс, која изгледа речиси идентично како Ким Кардашијан.
Чен ја нарекуваат „копија на Ким Кардашијан“ и очигледно е дека атрактивната црнка ја имитира Ким, бидејќи таа го копира нејзиниот стил, шминка, фризура, но има и идентична фигура како Кардашијан.
Kanye got himself a Kim from aliexpress https://t.co/9m83elpsov
— Tristan (@musicbreezy) February 24, 2022
Јасно е дека девојката е импресионирана од големото медиумско внимание, а дел од интернетот ја обвинуваат дека сака внимание, слава и пари, што можеби не е далеку од вистината. Сепак, Канје, кој се однесува како стереотип на токсичен бивши, заслужува поголема критика.
Ја прогонува поранешната сопруга и мајка на неговите деца, јавно ја навредува преку Инстаграм и ја шета девојката која е нејзина копија.
Fact is, Kanye West is obsessed with Kim Kardashian. I mean look at Chaney Jones his new girlfriend, she looks exactly like Kim.
I bet if he were to break up with Chaney, he will find another Kim lookalike. That's how hung up on Kim he is. pic.twitter.com/wLD3Okbc1g
— 𝑶𝑫𝑵𝑰𝑳 •฿• 𝑺𝑬𝑴𝑨𝑮 (@LindoGames_) February 25, 2022
Можеби интернетот попрво треба да апелира за хоспитализација или забрана за пристап на Канје Вест, отколку да го осуди моралот на некои неважни модели на Инстаграм, кои се само пиони во игрите на раперот.
Раперот е познат по тоа што целосно го менува стилот на девојките со кои излегува и ги облекува во екстравагантни креации. Велат дека влијаел на стилот на Ким, а некои претпоставуваат дека тој и диктира на новата девојка што да облече, што само по себе, ќе се согласите – е малку морничаво.