Продавниците се преполни со разни детергенти за чистење, брендирани и скапи, но тоа не значи дека се сигурни и безбедни, згора на тоа, некои од нив можат да влијаат, па дури и да го оштетат вашето здравје.
Следниот пат, кога ќе размислите кој од овие „брендирани“ производи да го купите, ќе ви помогнеме да пронајдете средство за чистење кое е сосема безбедно за вас и вашето семејство, а верувале или не е во вашата кујна. Станува збор за сода бикарбона.
Истурете сода бикарбона на вашиот душек и видете што ќе се случи. Оваа постапка ќе ги отстрани нечистотијата, потта, мртвите клетки на кожата, прашината и непријатните мириси од вашиот душек. Постапката е следна:
Исчистете го душекот со правосмукалка
Потоа, со помош на цедалка, посипете сода бикарбона на површината, ќе ви треба поголемо пакување сода бикарбона. Можете да додадете и неколку капки ароматично масло.
Оставете го душекот попрскан со сода бикарбона неколку часа, најдобри резултати се ако остане попрскан еден ден.
По ова време, исчистете го душекот со правосмукалка.
Сода бикарбона е навистина неверојатна состојка, со неа можете да ја исчистите цела куќа, а воедно е сосема безбедна за вас или за вашата околина.
Можете да ја користите на која било површина или материјали освен природни. Многу е корисна за перење алишта, чистење на кујна, отстранување на непријатни мириси, а се користи и за готвење. Сода бикарбоната е добра за вашата кожа, коса како и за забите.