Крис Рок сака да го претепа Вил Смит по шлаканицата: Видео кое не престанува да кружи на интернет (ВИДЕО)

popara28 март, 20221min00
Mark-Filips-11

Ова видео ги насмеа сите…

По скандалот кој се случи на Оскарите, кога Вил Смит му удри шлаканица на водителот Крис Рок, се појави видео на кое познатиот американски јутјубер Марк Филипс прави пародија на се што се случило.

Имено, младиот јутјубер решил да се пошегува пред се на сметката на Крис Рок во моментот кога го држи телефонот и го гледа видеото од скандалот. Од сè направи вистинска комедија, која можете да ја погледнете во видеото кое го објави на својот Јутјуб и Твитер профил.

– Крис, смири се, гледаш дека не беше толку јако, сега е готово, доцна е.

– Не, не е доцна! Јас си играв, мислев дека и тој си игра, не знаев дека навистина се обидува да се тепа. Пуштете ме да го видам Вил!

– Требаше да направиш нешто додека си на сцената, смири се, семејството ти е таму.

– Знам, моите деца повеќе нема да ме почитуваат.

Потоа следи сцена каде Марк во улогата на Крис луто станува и почнува да го бара Вил:

-Ви велам, подготвен сум сега да се борам со кој било од неговото семејство. Не мислев дека таа шега е толку сериозна, само се играв. Вил! Цел живот си играат со мене како да сум дете! Сите го мразат Крис!

Голем број луѓе со воодушевување го погледнаа ова видео со оглед на тоа што Марк има над 5 милиони следбеници на Јутјуб каналот.

„Марк, како го направи ова, секоја чест“, „Твојата глума е неверојатна, браво“, „Изгледа дека ти и тимот сте вложиле многу труд за да го снимите ова“, „Требаше да добијат Оскар за глума, ова е маестрално“, се само дел од коментарите под видеото.