На почетокот на мај оваа година излегоа информациите дека HTC подготвува паметен телефон кој ќе биде наменет само за женксата популација.
HTC Bliss, е можното име на уредот, кој би бил базиран на Андроид платфрома, а куќиштето би требало да биде во смирувачка зелена боја. Од компанијата HTC тогаш не сакаа да ги коментираат овие тврдења, а сега сајтот Pocketnow објавил фотографија, за која тврди дека станува збор токму за овој телефон.
Bliss, според нивните тврдења ќе се појави во понудата на американскиот операторт Verizon.