Во неделата на 24 јули бразилците имале можност да бидат сведоци на еден необичен настан, што последен пат во истиот град се случил пред 64 години. Тогаш повеќе работници забележале слетување на непознат метален објект со ротирачки прстен.
За разлика од тогаш “новиот“ НЛО не слетал туку само лебдел над градот, а веднаш поради ротирачкиот прстен бил поистоветен со оној од пред половина век.
Овој пат на овој необичен феномен сведоци биле многу набљудувачи, меѓу кои и телевизиски камери кои на време стигнале на местото на настанот.
Иако се уште се прибираат информации за случката и никој неможе со сигурност да го идентификува летечкиот објект, најзастапени се мислењата дека станува збор за вселенски брод на вонземјани.
Додека се спроведуваат понатамошните истражувања, можете необичната снимка да ја видите тука:
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=gcSRrEYTaQU