Имено, Ким отишла на ручек со своите сестри во еден престижен ресторан во Лос Анџелес, а нејзиното издание за оваа прилика во најмала рака е дискутабилно… Но, пред се е впечатливо и не може да помине незабележано!
Славната 41-годишна девојка ги истакна своите бујни облини во црвено кожено здолниште со длабок струк, а го надополни со плетена блуза со пламен принт, што навистина придонесе Ким да изгледа како оган што оди.
Атрактивната бринета сè комплетираше со кожени ракавици и црвени чорапи-чизми, повторно покривајќи ја секоја педа од нејзиното тело, стил на кој му е верна веќе неколку месеци.
Секако, таа се обиде да додаде уште пооткачени детали во форма на црна, крзнена чанта и огромни очила за сонце со крзнени рамки.
Погодувате, коментарите на социјалните мрежи не беа љубезни кон Ким. „Како не се срами, а?“, „Очајна е за внимание, а не може ни да го сокрие тоа“, „Одечка шега од жена“, „Боже, сопри ја, те молам“, „Ова ги тероризира нормалните луѓе“ , „Како цртан лик“, „Многу непријатно“, се само дел од коментарите.