
Скандалозниот развод на еден од најпопуларните светски актери Џони Деп и неговата поранешна партнерка Амбер Херд со денови ги тресе медиумите, а гадните обвинувања на оваа актерка ги им ги кинат ушите на сите.
Обожавателите на популарниот актер застанаа во негова одбрана и направија петиција со која ја притиснаа екипата од продукцијата на филмот „Аквамен 2“ да ја отстрани Амбер од филмот.
Петицијата со која се бара Амбер Херд да биде отстранета од филмот Аквамен 2, собра два милиони потписи.

– Мажите се жртви на семејно злоставување, исто како и жените. Тоа мора да се препознае и да се преземат мерки познатиот насилник да не се слави во забавната индустрија – се наведува во петицијата и се додава:
– Направете ја вистинската работа. Отстранете ја Амбер Херд од Аквамен 2. Петицијата беше покрената во 2019 година, а сега повторно стана актуелна, среде тужбата меѓу Амбер и Џони Деп.

Многумина веќе ја предлагаат Емилија Кларк како замена. Амбер треба да го игра ликот на Мера во филмот, а второто продолжение на Аквамен, под целосниот наслов Аквамен и изгубеното кралство, треба да излезе во 2023 година.