Осмо светско чудо: Лавовска карпа која се издигнува на 200 метри „среде никаде“

popara3 мај, 20221min00
62291367

Доколку се најдете во Шри Ланка, задолжително посетете ја лавовската карпа – Сигирија – во централниот дел на островската држава во Индискиот Океан, која многумина ја сметаат за осмо светско чудо. На неа се наоѓаат остатоците од поранешната утврдена палата на кралот Кашјапа кој владеел со оваа област од 473 до 495 година.

Бидејќи Кашјапа насилно ја одзел власта од својот татко, тој се плашел од одмазда од неговиот брат. Решил максимално да го заштити и премести кралството „на сред никаде“. Поточно, тој имал тврдина и палата изградени на 200 метри над земјата на магмата на еродиран вулкан во средината на џунглата.

До величествениот дворец со своите градини водело камено скалило кое било под силна стража на неговите поданици, но и монументален камен лав по кој го доби името карпата, а од кој денес останаа само шепи.

Околу палатата биле направени неколку резервоари за собирање дождовница за да гарантираат вода за пиење дури и во случај на долга опсада.

По смртта на кралот Кашјапа, палатата била претворена во будистички манастир и се користела како таква до 14 век. Забот на времето го глодал до 1800-тите кога Лавовската карпа беше „повторно откриена“ од британски археолози кои сакаа да ги истражат сите нејзини тајни.

Една од овие тајни е галеријата на еротски цртежи на карпата во подножјето на Сигирија, како и бројните врежани графити на нејзините посетители.

Остатоците од кралството на династијата Морија привлекоа големо внимание кај туристите, особено од 1982 година кога Сигирија беше ставена на списокот на светско наследство на УНЕСКО во Азија и Океанија.