Наоружани со стапови и камења неколку лица од еден рудник украле дури четри тона злато.
Рудникот на фармата Chay-Chess недалеку од Кадом, 140 километри од главниот град Хараре, бил ограбен два пати во месец јуни.
Четри тони златна руда се украдени од рудникот во Зимбабве во два одвоени грабежи. Вооружените банди дошле со камиони до рудникот, ги претепале фармерите и украле злато.
“Беа вооружени со со стапови, камења, секири, ножеви, дрвени и метални палки“, изјавиле на полицијата нападнатите фармери.
Првиот грабеж се случил на 19 јуни, при што било украдено еден тон злато, а вториот на 22 јуни, каде 27 вооружени лица украле уште три тони златна руда.