Повторно покажа дека е НАЈСТИЛИЗИРАНАТА принцеза: Шарлин одржа МОДНА ЛЕКЦИЈА

popara19 јуни, 20221min00
327117_profimedia0303829827_ff

Таа носеше прекрасен зелен фустан кој само таа може да го изнесе на тој начин.

Принцезата Шарлин од Монако и нејзиниот сопруг принцот Алберт Втори присуствуваа на свеченото отворање на 61-от телевизиски фестивал во Монте Карло. Ова беше уште една во низата прилики за да го демонстрира својот неверојатен стил.

Таа се појави во зелен прекрасен фустан кој зрачи со гламур и елеганција, а како што многумина коментираат, со својата комбинација многу потсети на својата свекрва легендарната Грејс Кели.

Некогаш беше една од најдобро облечените жени во светот, а изгледа дека Шарлин е една од жените чиј стил се копира и следи.

Принцезата од Монако реши да облече многу интересен зелен фустан на едно рамо кој одлично и прилега на нејзината кратка фризура и извајана фигура.

На овој фустан таа додаде и златен накит, кој одлично се вклопи со нијансата на нејзиниот фустан, па обетките и алките заедно со сандалите направија одлична целина.

Да се потсетиме, Шарлин од 2011 година е во брак со принцот од Монако, со кој ги има близнаците Габриел и Жак, а долго време отсуствува од јавната сцена поради здравствени проблеми. Наводно со сопругот потпишала договор според кој за вршење на службена должност ќе добие околу 12 милиони евра.