ЧОКОЛАДЕН МУС ОД САМО ДВЕ СОСТОЈКИ Брзо се подготвува, а уште побрзо се јаде

popara2 јули, 20221min00
Screenshot 2022-07-02 022315

Никој нема да одолее на ова слатко задоволство од само две состојки! Лесно и брзо се прави, а е идеално уживање кога имате ненајавени гости

Готов е за неколку минути, а може да се јаде по кратко ладење.

Состојки:

200 гр Киндер чоколадо

270 мл слатка павлака

Подготовка:

Чоколадото стопете го во микробранова печка или на пареа додека не добиете компактна смеса, па оставете ја на страна да се излади. Слатката павлака се мати со миксер додека не се добие тврд шлаг. Во садот со павлаката додадете ја растопената чоколада и уште еднаш изматете сè додека убаво не се соедини. Ставете го во фрижидер околу половина час да се излади малку и да се стегне. Доколку сакате да направите посебен аранжман, префрлете ја пената во шприц, па ставете ја во стаклени чаши и декорирајте со малку киндер чоколадо.