Бритни Спирс се враќа на музичката сцена: Сними дует со голема светска ѕвезда

popara26 јули, 20221min00
britni-spirs-1-830x0

– Велат ова ќе биде песната на летото. Бритни официјално се врати. Се врати на работа и е супер возбудена – рекол изворот

Бритни Спирс сака на маестрален начин да се врати на светската музичка сцена, а веќе снима нова музика. Поп принцезата тајно сними дует со Елтон Џон на неговата песна „Tiny Dancer“, пишува „Page Six“.

Бритни се сретнала со нејзиниот постар колега во студиото за снимање на Беверли Хилс минатата недела за да создаде нова верзија на саканиот класик од 1971 година.

Песната треба да ја објави „Universal Music“ следниот месец, велат извори.

– Ова беше идеја на Елтон, а Бритни е (неговиот) голем обожавател. Тие направија ремикс на (песната) „Tiny Dancer“ како целосен дует – и тоа е неверојатно. Бритни беше во студио на Беверли Хилс со Елтон минатата недела на супертајна сесија за снимање надгледувана од продуцентот Ендрју Ват, вели извор од музичката индустрија.

Ват, чие студио е во подрумот на неговиот дом, има продуцирано албуми за Џастин Бибер, Мајли Сајрус, Перл Џем и Ози Озборн, а ја доби и наградата Греми за продуцент на годината за 2021 година.

– Веќе ја изведоа пред луѓето во нивната издавачка куќа и сите полудеа. Толку е добро. Велат ова ќе биде песната на летото. Бритни официјално се врати. „Се врати на работа и е супер возбудена“, рекол изворот.

Додека не излезе дуетот Бритни Спирс-Елтон Џон, слушнете ја оригиналната верзија на „Tiny Dancer“: