
Овој трик дефинитивно штеди пари
Вистина е дека многу луѓе не ни помислиле на ова, но намирницата што можете да ја ставите во машината за перење е шеќер! Се препорачува да додадете три лажици шеќер.
Она што можете да го направите е да ги натопите алиштата во вода со шеќер или да го ставите шеќерот директно во машината во делот за детергент или омекнувач.

Шеќерот, омилената намирница на многумина, освен неговиот сладок вкус и високата калориска вредност, има и предности за кои малкумина знаат. Делува како освежувач на боја. Потребно е само алиштата да се натопат во вода во која претходно е додаден шеќер и да се остават неколку часа. Ова ќе го спречи избледувањето на ткаенината и ќе ја подобри бојата на облеката.