Им беше пример на девојчињата ширум светот: Погледнете како изгледа денес малата Тете од „Серанови“

popara4 август, 20221min00
tete-seranovi-twit

Серијата „Серанови“ беше многу популарна на Балканот. Се повторуваше многу пати, а секој пат привлекуваше голем број гледачи. Најпозната двојка од оваа серија беа Гиље и Тете.

Нивната љубовна приказна ги освои срцата на многу луѓе од сите возрасти. Тете беше пример за девојките, како во поглед на облекувањето, стилот и убавината, така и според нејзиниот карактер, харизма и карактеристики. Сите девојки сакаа да бидат Тете, а вака денес изгледа познатата актерка, Наталија Санчез.

Актерката од серијата „Серанови“ денеска полни 32 години. Тaa ужива да биде со своето семејство. Mажена e и има две деца. Убавата Наталија продолжува да плени со својата убавина, а на Инстаграм повремено објавува слики со својот поранешен колега, Виктор Елиас, кој го толкуваше Гиље во серијата.

Наталија го задржа младешкиот изглед. Иако поминаа многу години, таа сè уште изгледа многу слично и луѓето ја препознаваат на улица како „малата Тете“.