
Поранешната стриптизета, која организираше аукција кадешто продава црна долна облека, за која тврди дека ѝ ја подарил принцот Хари, за време на неговото неславно забавување, во Лас Вегас, во август 2012 година.
Кери Рајчерт, која се нарекува Кери Ројал, тврди дека била во хотел со војводата од Сасекс пред речиси десет години, кога се појавиле голите слики на принцот Хари.

Стриптизерката сака црните алишта да бидат потсетник на стариот „забавен Хари“ пред да стане „досадник“. Поранешната танчерка ќе ја продаде на аукција својата долна облека, како и фустанот и костимот за капење што ги носела таа вечер. Цената започнува од 10.000 долари.
Според извештаите, за гаќичките со понуда од 250.000 долари е заинтересиран уште еден ноќен клуб, како и компанијата на Илон Маск.
Кога беа направени голите фотографии на принцот Хари, Кери тврди дека Војводата бил гол и свирел гитара. Танчерката која била со него во хотелската соба ја задржала црната облека и верува дека понудата за нив ќе достигне и до милион долари. Дел од приходите од аукцијата ќе бидат наменети за добротворната организација на Хари и Меган.