
Астролозите тврдат дека овие 2 знаци се речиси секогаш расположени за акција… Во кревет, секако. Ако ги имате за партнери, тогаш веројатно детално сте запознаени со нивните навики.
Шкорпија
Иако се многу недоверливи и сомничави, штом Шкорпија ќе одлучи дека сте лојални и доверливи, ќе ви ја покаже својата дива страна.
Нивната позната страст и презир кон вообиаеното ќе гарантираат дека вашиот љубовен живот никогаш нема да биде досаден. Сексот им е секогаш на ум, затоа очекувајте цел ден да ви испраќаат секси пораки, да бидете во тек со новостите во светот на секс играчките и бидете подготвени да експериментирате со позите.
Овен
Со нив владее Марс, планетата одговорна за сексуалниот нагон, па не е изненадување што Овенот е на оваа листа. Тие се многу енергични и сакаат да ризикуваат, затоа секогаш бидете спремни за спонтаност со нив.
Познати се и по остриот ум, мајстори се за двосмислени инсинуации, па можете да очекувате повици за акција од нив во сосема несоодветни моменти.
За разлика од Шкорпиите, на кои им е потребна емотивна поврзаност со своите сексуални партнери, Овните се независни и без проблем ќе имаат листа на пријатели за секс, или ќе уживаат во дружења за една ноќ, дури и ако нема романтика, пишува „Purewow“.