ПРОЗОРИТЕ ЌЕ ЗАБЛЕСКААТ! Направете домашно средство за чистење и заборавете на валканите стакла!

popara15 август, 20221min00
488378_people-housework-housekeeping-concept-happy-woman-gloves-cleaning-window-with-rag-cleanser-spray-home_f

Чистењето стаклени површини е макотрпна работа која ги исцрпува домаќинките. За среќа, постојат трикови како добро да ги исчистите огледалата и прозорците без многу труд

Дури и специјалните средства за чистење не се покажуваат како вистински мајстори за стакло, како што се претставени. Сепак, најдобро е да се свртиме кон нашата кујна. Таму секогаш не чекаат најсигурните производи за чистење. Основа ќе ни биде обичниот оцет.

Сигурно многу домаќинки пробале со оцет и тоа релативно успешно, но тој рецепт можете да го надградите и подобрите со неколку евтини состојки што ги имате во вашата кујна.

Користете ја „тајната состојка“ – пченкарен скроб. А еве и рецепт за правење домашно средство за чистење прозорци.

Подгответе празно и добро измиено шише со распрснувач. Ќе ви треба и цедалка, жица за матење, сок од половина лимон, 1 лажица пченкарен скроб, половина чаша обичен оцет и половина чаша вода. И, се разбира, стари весници.

Исцедете лимон, процедете го сокот во цедалка за да се ослободите од семките, а можеби и од парчињата лимон. Во лимонот додадете оцет и пченкарен скроб и сè добро измешајте. Истурете ја смесата во шише со распрскувач и додадете вода. Протресете и вашето средство за чистење е подготвено.

Секогаш тресете пред употреба, испрскајте ги прозорците и избришете ја нечистотијата со весник.