Растение кое го намалува апетитот, а е неверојатно здраво

popara15 август, 20221min00
676 (1)

Со додавање на едно зелено, зачинско растение во вашата храна, можете да го зголемите чувството на ситост и да избегнете прејадување, вели руската нутриционистка Татјана Залетова.

Според неа, пријатното чувство на ситост може да се подобри со додавање на еден зачин во исхраната.

„Главната причина за прејадување многу често е поврзана со фактот дека храната е најлесно достапен извор на задоволство. Но, постои начин да се добие поголемо задоволство со помалку храна. За да го направите ова, само додадете нане во храната или пијалокот“, изјави таа.

„Чувството на задоволство што го имаме кога јадеме добар оброк се јавува затоа што нашето тело лачи еден од хормоните на среќата – ендорфин. Нането содржи супстанца која го поттикнува ослободувањето на овој хормон“, додаде нутриционистката.

„Нането содржи етерично масло кое ја има супстанцијата ментол. Една од придобивките на ментолот е тоа што го стимулира производството и ослободувањето на ендорфини. Овој хормон игра важна улога во регулирањето на нашето расположение, а е „одговорен“ и за чувството на ситост. Затоа, кога јадеме нане, нашиот мозок реагира, има чувство дека ни се случил некој радосен и пријатен настан. Може да го замени чувството на еуфорија кога јадеме обилно“, објасни Татјана.