
Рибата и мирисот и вкусот на киселото јужно цитрусно овошје совршено се комбинираат, а кога сè заедно ќе испечете во рерна, тоа е вистинско уживање…
Состојки:
поголема орада
100 мл маслиново масло
200 мл бело вино
свеж магдонос
три чешниња лук
две гранчиња рузмарин
сок од лимон
еден портокал
сол, бибер
Подготовка:
Измијте ја, исчистете ја и исушете ја орадата, па посолете ја и забиберете ја одвнатре и однадвор. Исечете ја рибата од двете страни на неколку места со остар нож, ставете портокал исечен на кришки во отворите. Префрлете ја рибата во подмачкана тава и покријте ја со масло. Печете во рерна на 200 степени околу 20 минути. Во меѓувреме измешајте ги виното, сечканиот магдонос, лукот, рузмаринот и сокот од лимон, со добиената смеса прелијте ја рибата и печете уште 15 минути.
Пријатно!