
Колку често јадете пиперки? Без разлика на бојата, тие се добри за варењето, срцето, кожата и видот. Суровата, печената или варената пиперката е исклучително здрава намирница која содржи дури 92 отсто вода, а 100 грама има нешто помалку од 30 калории.
Од сестраната пиперка може да се направат широк спектар на вкусни јадења; од освежителна салата со исечени сирови пиперки, до прилог со печени пиперки или главно јадење полнети пиперки.
Освен што се многу вкусни, познато е и дека се полни со здравствени придобивки.
Варење
Сите видови пиперки имаат многу влакна, железо и фолна киселина, кои го помагаат здравјето на цревата, кардиоваскуларниот систем и природната детоксикација.
Срце
Пиперката, повторно без разлика на бојата, е одличен извор на витамин А и калиум, кој со намалување на крвниот притисок помага во одржување на здравјето на срцето, се бори со надуеност со намалување на задржувањето на водата.
Видот
Овој здрав зеленчук содржи витамин А, кој помага да се одржи здравјето на очите, да се одржи добриот вид и да се спречи дегенерација на мускулите.
Црвената пиперка е исто така богата со витамин Ц и разни каротеноиди кои делуваат како антиоксиданти и го поддржуваат здравјето на очите и кардиоваскуларниот систем.
Жолтата и портокаловата пиперка содржат бета-каротен, антиоксидативен облик на витамин А, витамин Ц и калиум.
Кожа
Јадењето зелен и жолт зеленчук може да помогне во намалувањето на брчките кои можат да се појават околу устата, а гореспоменатите антиоксиданси, исто така, се борат против стареењето и слободните радикали.