
Кон крајот на Модната недела во Милано, ријалити ѕвездата Ким Кардашијан реши да организира приватна вечера во соработка со модната куќа Dolce&Gabbana на која собра познати и влијателни личности во светот на модата.
Меѓу нив беше и италијанската актерка Моника Белучи (57), долгогодишна пријателка на Доменико Долче и Стефано Габана, која е и заштитно лице на познатиот бренд.

Филмската дива и во оваа прилика и остана верна на омилената црна боја, а избра тоалета која е совршен пример за нејзиниот автентичен стил и одлична комбинација на сексипилност, бунтовност и умереност.

Моника се појави во креација со миди должина, фустан кој ја истакнува нејзината беспрекорна фигура и облините по кои е позната.
Станува збор за фустан со квадратно деколте, кој го истакнува деколтето, а фустанот на Моника е со долги и проѕирни црни ракави, а го искомбинирала со високи чизми од превртена кожа.

Таа носеше и минијатурна црна актовка, додека ја пушташе косата да и падне. Во согласност со нејзиниот вкус и, едноставно, непобедлива!