НЕ САКА ДА РАБОТИ СО НИВ Откриена е црната листа на актери кои Бред Пит не може да ги поднесе, а меѓу нив е и оваа ѕвезда

popara26 септември, 20221min00
Screenshot 2022-09-26 144114

Холивудскиот актер Бред Пит (58) наводно има листа на колеги со кои никогаш повеќе нема да соработува. Така барем тврди Арон Тејлор-Џонсон (32), кој глумеше со него во „Брзина на куршум“, последниот филм на Пит.

Оскаровецот, кој во својата повеќедецениска кариера соработуваше со најголемите холивудски ѕвезди, очигледно води белешки за актерите што не ги сака, како и за оние што ги сака.

За време на неговата славна кариера, Пит глумеше покрај некои од најдобрите и најпознатите актери во Холивуд, а неговата листа на несакани и посакувани соработници ги вклучува Кејт Бланшет, Лупита Нионго, Леонардо ди Каприо, Тилда Свинтон и неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли.

Една од ѕвездите која дефинитивно се наоѓа на неговата „добра“ листа е Сандра Булок (57). Бред сними епизодна улога во филмот на Сандра „Изгубениот град“, каде таа ја играше Марија Битл во „Bullet Train“.