Висината влијае на појавата на рак кај жените

popara30 јули, 20111min00
rak

Жените со повисок раст можат да бидат изложени на поголем ризик од развој на рак, покажале резултатите на истражувањето на една група научници од Универзитетот Оксфорд.

Според текстот во медицинското списание “Lanset oncology” научниците висината и опасноста од рак кај високите лица ја објаснуваат со поголемата количина на хормонот за раст, кој пак ја зголемува појавата на тумори, а исто така и дека високите лица имаат повеќе клетки, па и затоа пропорционално се зголемува и опасноста да се претворат во кацерогени.

Оваа опасност, како што покажало истражувањето спроведено  на милион пациентки помеѓу 1996 и 2001 година, вклучува неколку видови рак, како на пример оној на дебелото црево, градите, матката, јајниците, кожата (меланом), леукемија, и други пренесуваат француските медиуми.

Научниците, меѓутоа, истакнале дека високите лица не треба да бидат вознемирени од резултатите на истражувањето, бидејќи повеќето луѓе не се ни премногу високи, н ипремногу ниски во однос на просекот, така да нивната висина може да има мало влијание на идивидуалниот ризик од рак на дојка.

Експертите исто така истакнале дека доколку науката успее да дознае зошто висината има влијание врз ризокот од рак, ќе може да се разбере и причината за развој на одделни форми на рак.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma