Ефтин десерт
Потребни состојки:
- 4 јајца
- 240 гр чоколадо
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 170 степени. Тавата за печење премачкајте ја со масло. Јајцата треба да бидат на собна температура. Одделете ги жолчките од белките и исечкајте го чоколадото.
Потоа стопете ги на пареа коцките чоколадо. Белките изматете ги со миксер за да добиете густ шлаг. Измешајте ги стопеното чоколадо и жолчките. Внимателно истурете ја чоколадната смеса во едната половина од шлагот и полека измешајте. Потоа постепено сипете го остатокот од шлагот и внимателно измешајте за да не се спласнат белките.
На крајот целата смеса истурете ја во калап или плех, потчукнете ја на масата да излезат меурчињата и печете ја 30-40 минути.
Користете чепкалка за заби за да проверите дали е печено. Кога ќе се излади, извадете го плехот, исечете ја тортата на коцки и послужете ја со вкусно кафе.