Туристктаа Ејми Р. (25) од Нов Зеланд за малку ќе ја изгубела својата лева рака. Ејми и британскиот турист JM (22) сакале малку приватност и одлучиле да се прикрадат во една од јахтите кои биле паркирани на пристаништето во Хвар. Тие кришум влегле во тоалетот на јахтата Anete.
Парот во тоалетот започнал љубовна игра кога во еден момент заедно со мијалникот паднале на подот, остатоци од мијалникот ја пресекле левата рака на девојката.
Раката речиси целосно беше откината, изјавил хирургот, д-р Здравко Роје, кој со својот хируршки тим 6 часа се борел да ја спаси раката на младата девојка.
Полицијата изјавила дека девојката и нејзиниот партнер не биле членови на екипажот на јахтата.