Холивудската ѕвезда Ештон Качер многу лесно би можел да стане најдобар тенисер во Беверли Хилс, а за тоа ќе биде заслужен српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ! Курир врската помеѓу актерот и Ноле ја открил преку нивните профили на Твитер.
Всушност, Ештон на Твитер напишал дека многу му е благодарен на Ноле што му одржал неколку лекции.
“Еј, Ноле, благодарам за лекциите. Сега, мојот слајс се слуша низ целиот свет “, напишал актерот. Ноле набргу одговорил: “Ми беше вистинско задоволство. “Сега имаш напредок, имаш форхенд во скок, а со слајсот можеш да сечеш салами … ”
Новак навистина ужива во Лос Анџелес, каде што се подготвува за турнирот во Монтреал. Тој заедно со легендата Владе Дивац го посетиле милијардерот Рон Баркл.