Помеѓу забавата со кралското семејство и настапите на својот сопруг, актерката Никол Кидман сепак најде време да отиде и во фризерски салон. Или пак само ставила перика на главата?
Сепак, австралиската убавица дефинитнивно може да се носи со стилот на русокоса, но во овој случај тоа било направено за потребите на нејзината улога во филмот “The Paperboy“, трилер каде новинар се враќа во родното место на Флорида за да го испита случајот на смртта на еден затвореник.
Кидман, ја игра улогата на Шарлот Блес, жена со темна страна која пишува писма на луѓето осудени на смртна казна.