Напорите на креаторите на новиот Google Plus да се наметне како нова социјална мрежа ги покажа резултатите: имаат 20 милиони корисници, што било доволно да се искачат на 42 место на листата на социјални мрежи по посетеност. Ривалите од Facebook не седеа со скрстени раце: лансираа без големи најави, Facebook за бизнис корисници.
Facebook ја искористи приликата да ги претстави послените услуги на својата компанија и да ги научи деловните луѓе како подобро да ја искористат мрежата, апликациите и рекламите. Моментално Facebook има 750 милиони корисници, а воедно со новите услуги ќе се овозможи и побрз пристап до клиенти при градењето на брендот и побрзо договарање на бизнис зделки.
“Бизнисмените и деловните луѓе сега може да се потпрат на мрежата која најдобро ќе се покаже во пракса, да ги вклучат своите муштерии во директна размена на прашања и одговори, да добиваат вредни повратни информации и да дојдат до пријатели на корисниците“, изјавил портпаролот на Facebook.
И Google се обиде да направи нешто слично, да понуди коропоративни клиенти, но најголемата социјална мрежа сепак прва го направи овој чекор. Од Google веруваат дека, иако се во понеповолна положба во областа на социјалните мрежи, имаат голем потенцијал на долг рок.