Со трагичната смрт на Ејми Вајнхаус, Реџ Тревис ја изгубил најголемата љубов во животот, но и вереницата.
Имено, тие се вериле неколку недели пред нејзината смрт, изјавил неименуван извор за магазинот Sun.
Тие ја направиле веридбата во тајност, а свадбата ја планирале за следнтата година.
Од смртта на Ејми, Тревис не се оделува од семејството и пријателите на Ејми. Не можам да ви опишам која тага ја чувствувам. Поминувам низ пеколен преиод, изјавил Тревис и при тоа им се заблагодарил на сите оние кои и оддале почит на покојната Ејми.
На погребот на Ејми, нејзиниот татко Мич Вајнхаус изјавил дека е благодарен на Тревис кој успеал да и ја покаже вистинската љубов и што направил таа пред смртта да биде вистински среќна.