Идните родители можат на по пуларната социјална мрежа Facebook на своите пријатели да им најават дека очекуваат бебе, благодарение на новата опција на Facebook која овозможува додавање на статус за членови на семејството на нероденото бебе.
Во опцијата “Пријатели и семејство“, корисниците сега може да додадат нов статус “очекуваме дете“. Па така родителите може да додадат слика, име на нероденото бебе и датумот кога се очекува тоа да дојде на свет.
Кога еднаш ќе се додаде овој статус, тој ќе се појави на профилите на членовите на семејството и на ѕидот на корисниците.
Наводно оваа опција е направена за идните родители да не ги кршат условите на употреба на оваа социјална мрежа, бидејќи се креирале профили на неродени деца.
“Постојано тестираме нови работи“, изјавил портпаролот на Facebook.
Додека некои родители уживаат во можноста да ги споделат добрите вести со своите пријатели на Facebook, други се многу скептични и критички настроени. Некои социолози се загрижени дека бременоста со ова добива еден вид реално шоу.