Пронајдена ретка снимка на Хичкок

popara3 август, 20111min00
alfred-hickok

Еден од првите рани филмови на британскиот режисер Алфред Хичкок пронајден е во филмската архива на Нов Зеланд, пренесуваат француските медиуми.

Во архивата бил пронајден прв дел од шеснаесетмилиметарскиот нем филм “Бела сенка“, снимен 1923 година, на кој Хичкок работел  како косценарист и асистент на режија.

“Ова е многу значајно откритие, бидејќи ни дава увид во тоа како Хичкок, подоцна еден од најгенијалните режисери ги добивал и развивал своите идеи“, изјавил претседателот на националното друштво на филмски критичари Дејвид Стерит.

Филмот бил пронајден меѓу толпата неми филмови кои во филмската архива од 1993 година ги дала семејството на филмскиот оператор и колекционер Џек Муртаг по неговата смрт.

Муртаг работел на проектирање на филмови во британскиот град Хестингс, на брегот на Ла Манш, во првата половина на 20-ти век. Тогаш филмските студија по завршување на продукцијата ги спалувале филмските траки, но Муртаг успеал веројатно да сочува неколку од пропаст и ги направил значаен дел во филмската индустрија.

Пронајдениот филм на Хичкок понатаму ќе биде чуван во филмското студио “Park roud”, во Велингтон, каде е н аправена пост-продукцијата на трилогијата “Господарот на прстените“, од новозеландскиот режисер Питер Џексон.

Каде се наоѓа вториот дел на филмот на Хичкок “Бела сенка“, засега останува мистерија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma