Новата илустрација со скриен предмет бара од вас да пронајдете балетски фустан меѓу парчињата лубеница.
Отежнувачка околност е што здолништето е во иста боја како парчето лубеница, а имате само 15 секунди да го најдете.
Треба добро да ја погледнете сликата и да се обидете да откриете каде е скриеното балетско здолниште.
Станува збор за балетско туту кое е кратко и се состои од многу тантела, пренесува „Dancewearcentral.co.uk“.
Иако е во иста боја како лубеницата, здолништето нема зелени делови и кафени точки, што е олеснителна околност при неговото пронаоѓање.
Ако не можете да го најдете, погледнете го решението подолу.