Првата изјава на Лорин откако ѝ донесе победа на Шведска на Евровизија: Не можеше да ги сопре солзите

popara14 мај, 20231min00
1684019320311-screenshot4-830x0

Шведската претставничка на Евровизија 2023, Лорин, зборуваше по победата на споменатиот натпревар во Ливерпул.

Лорин не можеше да ги сокрие солзите кога излезе на сцената и откако новинарите ја прашаа како се чувствува што по втор пат победува на Евровизија.

Таа им се обрати на сите и истакна дека ова е голема чест за неа, постојано држејќи го пехарот.

– Ви благодарам, ова е за сите вас, ве сакам! – Лорин беше емотивна при нејзиното обраќање до публиката и сите што го следеа споменатиот натпревар.