Што зборуваат ѕвездите и планетите за вашиот хороскопски знак :) Кратко ама слатко :)

popara8 август, 20111min00
seksihoroskop

Интересен хороскопски секси водич:

Овните ги „краси“ недостаток на трпение. Изгледаат неспособни да го забават својот темперамент и својот екстремизам. Се сакаат на свој начин и по секоја цена. Не ги и нтересира многу нежноста и мазењето. Тие чуствуваат потреба за прилично груби задоволства.

Биковите јасно гледаат што сакаат, но слабо знаат како тоа да го добијат. Во имагинацијата се прилично мрзливи. Тие постојано спијат, а не се ни свесни за тоа. Животот е еден голем сон. Кој ќе се разбуди добива шанса, па и незаборавна фантазија за секс.

Од брзите близнаци истрча Марс во магловитите води на Рак. Преводот е разбирлив, адреналинот ви е во опаѓање. На овие луѓе нема да им недостига и по некоја солза, како зачин за комплетно еротско (само)задоволување.

Раковите се експлозивни и бомбастично „грижливи“ кон оние што ги сакаат. Нивниот љубовен живот е подложен на пресврти и битки. На саканата личност и создаваат пеколна зависност од нивните жестоки сексуални вештини.

Лавовите и лавиците во моментите на опасност го даваат најдоброто од себе. Пламенот од нивната страст се гледа од далеку. Ако се во врска и со погледот шараат наоколу, не се верни на сопствениот мозок.

Девиците носат црна боја, бидејќи сакаат да изгледаат неутрално. Од љубовта прават физика, а не хемија. Секогаш работите премногу ги размислуваат и ретко кога се препуштаат на спонтаноста.

На вагите многу им значат врските во кои се наоѓаат. Но, јасно им е дека без болни моменти, нема да дочекаат темелена длабока њубовна ренесанса. Немаат волја за сопствена контрола. Сексуално се хаотични.

Шкорпиите се справуваат одлично со горките психосоцијални ситуации. Како тие се чуствуваат по бесното торнадо, може лесно да се предвиди. Иритирачки и непријатни вибрации ја уништуваат страствената црвена боја на нивната аура.

Стрелците влегуваат во ера на мирен живот. Доста им е од лудувања. Тие длабоко во себе сакаат да се смират и само со една личност да го поминуваат времето. Да уживаат во малите работи.

На јарците им пречи чуството на неисполнетост. Ефектите од големи љубовни шокови им оставаат опасни последици по нивниот емоционален биоритам. Жешки секс игри и желби.  често ги визуелзираат во нивната имагинација.

Водолиите постојано пловат со нова подморница во свеста. Најмногу ги привлекува еросот на природата: топлото сонце, брановите од морето, облаците, ветровите… оние кои ги привлекувате спремни се да ви ги симнат и ѕвездите од небото.

Рибите имаат многу голема количина на сексуално гориво. Често сонуваат за љубовна револуција, а тие сонови и често им се остваруваат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma