Кантри пејачката Доли Партон нема намера да се повлече од сцената. Таа и на 65 години одлично се чувствува кога се наоѓа пред огромна толпа на луѓе.
Немам намера да се повлекувам, ќе бидам на сцената се до крајот на мојот живот. Планирам да паднам мртва токму на тоа место, изјавила Доли.
Покрај ова Доли изјавила и дека би сакала да снима дует со Лејди Гага, која неверојатно ја потсетува на неа во младите години. И јас се облекував и однесував како Гага на млади години, кога таа сеуште не беше родена, стои во изјавата на Доли.