popara9 август, 20111min00
stounhendz_1

Сведок на мегалистичката култура

Подеднакво и таинствено и моќно, се издигнува на рамнина во јужноанглискиот округ Вилтшир: триесет огромни камени блокови,секој од нив висок над 4 метри и широк до 2,5 метри. Која била целта за изградба на Стоунхенџ? Дали тоа биле храмови или места каде се одржувале некои ритуали? Или ниту првото ниту пак второто, туку биле користени за опсерваторија? Некој праисториски планетариум? Сеуште, никој не знае.

Стручњаците се согласни околу еден факт. Стоунхенџ претставува најубав и најимпозантен сведок на мегалистичката култура во Европа; праисториска култура чиј што култ се негувал и во чија чест уште пред 3000 години пред новата ера се поставувале споменици во Франција, Шпанија и Северна Европа.

Врз основа на методот на радиокарбон истражувачите откриле дека Стоунхенџ бил изграден околу 1600 години пред новата ера. Модерните истражувачки методи дошле до сознание дека 30 те блокови како и 49 те помали камени блокови, биле доработувани со огромно внимание – исклучиво со помош на алати изработени од камен. Која им била замислата на “архитектите“ на Стоунхенџ и со која цел ги транспортирале 180 километри од каменоломот до денешната локација, неколку тони тешките камени блокови – сеуште не е познато.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag