Преку ден работам во компанија, а навечер заведувам жени

popara10 август, 20111min00
1

Знаете, ќе биде убаво да се најдеме на плажа, ќе можeте подобро да видите како изгледам, се слуша од другата страна на слушалката длабок самоуверен машки глас.

“Лесно ќе ме препознаете, јас сум висок, мускулест, со кратка кафена коса и ќе бидам облечен во тесна бела кошула“. Сеуште се немавме запознаено, но веќе знаев многу повеќе детали за него отколку за блиските пријатели: му ги знаев пропорциите и дека во сексот не се согласува само на садо-мазохистички и хомосексуални односи. Сето останато може.

Марио (27 години) само што се појави на плажата на хотелот во Опатија, веднаш со својот изглед се издвојуваше од останатите. Изгледа баш како што е објасни, јасно е дека барем неколку часа во неделата вежба во теретана, на маицата му се исцртуваа мускулите, лежерно облечен и згоден.

Се запознаваме, официјално, како што се прави на деловен состанок, а само неколку минути подоцна, додека пиеме еспресо, ми ги покажа неговите голи фотографии. Многу едноставни се работите во овој бизнис, се запознавате првпат и веќе следниот момент можете да очекувате дека ќе го видите без облека. Марио е машка проститутка – жиголо, ме корегира.

Неговата кариера започнала пред неколку години, кога се запознал со жена во средни години од Словенија, за време на неговиот одмор во Кварнер. Поминале неколку дена заедно и откако таа заминала, на рецепцијата во хотелот му оставила коверт.

Наместо писмо за збогум, во него имало пари. Марио бил изненаден, но не и навреден. Напротив, тој сфатил дека ова може да биде идеален извор на дополнителен приход.

 

Патување на Карибите

Марио е една од десетте жиголо со кои се сретнав, а по телефон  и по електронска пошта контактирав со многу повеќе, во текот на еден месец додека истражував за машката хетеросексуална проституција во Хрватска. Врз основа на истражувањата до кои што дојдов, Хрватска е една од топ дестинациите во југоисточна Европа за обезбедување на секуални услуги од страна на машката популација.

Дефинитивно има работа за мажите кои даваат услуги исклучиво за жените, а тоа го потврдува и фактот што околу 600.000 лица од Западна Европа обезбедуваат сексуални услуги во изминатите 25 години. Голем дел од нив, бараат услуги во текот на своите патувања во Африка и на Карибите односно во сиромашните земји каде што “цвета“ машката проституција.

 “Marlboro man”

Сепак, не постојат места, кафичи или клубови каде што жените можат да се “изнајмат  Marlboro man“. Всушност на интернет огласите за “ескорт-агенциите“ во Хрватска кои што нудат придружба за постари клиенти, не можете да најдете ниту еден маж.

Доколку наидете на некој индивидуален оглас, најчесто ќе видите дека се нудат хомосексуални услуги. Низ цела Европа, женската проституцијата сеуште доминира.

– Најчесто или 99 проценти во проституцијата во Хрватска, се вклучени жените – изјавуваат високи претставници на полицијата. Врз основа на полициската евиденција, во периодот помеѓу 2002 и 2009 година, биле регистрирани 1968 проститутки, од кои шест мажи, но само еден од нив се занимавал со давање на услуги само за жени.

Не постојат никакви истражувања со кои би добиле информации за бројот на хетеросекуалната машка проституција во Хрватска. Од страна на неколку организации, како што се здруженијата “Лет од Загреб“, “Помош од Сплит“, изјавуваат дека никогаш до сега се немаат сретнато со машка проститутка. Истиот одговор го добивме и од неколку различни институции кои се занимаваат со истражувачка дејност во областа на сексуално преносливи болести.

Ова, сепак, не значи дека хетеросексуалната мажшка проституција не постои во Хрватска.

Изненадувачки е фактот за бројот на лица кои се подготвени да се занимаваат со проституција односно да бидат жиголо. Само во текот на првите две дена откако ставив оглас на два хрватски портала дека барам жиголо ми пристигнаа околу педесетина понуди. Понуди од цела Хрватска – од Истра до Дубровник па дури и од Босна и Херцеговина, Црна Гора и од Белград. Изненадувачки, повеќето од нив изгледаа сериозни понуди; во нашата преписка ги наведоа своите цени за секоја услуга пооделно, дадоа нивен детален опис, а многу често имаа ставено и своја слика и објаснувања кои услуги се подготвени да ги обезбедат, а кои не.

Само неколку од нив не сакаа жени постари од 55 години или потешки од 90 килограми. Само една од нив не сакаше омажени жени, бидејќи, како што објаснуваше тој, “тоа е против законите на Бога“. Секој од нив тврдеше дека секоја работа може да ја направи. Со дел од кандидатите се запознав, но сепак беше очигледно дека нивното искуство се сведуваше на некоја летна авантура, која подоцна им била платена, баш како што Марио започнал.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag