”Добар ден. Јас сум Перо, јас сум син на Тито и Јованка. Дојдов да ја видам мојата мајка Јованка, сакам да ја гушнам, и донесов и подароци, дозволете ми да ја видам мама”, Со овие зборови Перо Д., кој е психијатриски случај на 29 јули се обидел да го помине обезбедувањето и по трет пат да влезе кај вдовицата на Тито.
Луѓето од обезбедувањето се обидувале да го одвлечат вниманието на Перо, уверувајќи го дека Јованка нема син. Перо сепак и понатаму инсистирал дури се обидел и насилно да влезе во објектот. За кратко време пристигнала полиција и го привела, тој веднаш бил пренесен и сместен во психијатриска болница.
Преку Амбасадата на Република Македонија бил повикан таткото на Перо, кој го вратил својот син во Македонија. Бидејќи ова бил трет случај како Перо сакал да влезе кај Јованка, му била изречена забрана за влез во Србија најмалку две години.