Што би сакале мажите да знаете

popara11 август, 20111min00
mazi i zeni

Машкиот пол смета дека многу кавги и несогласувања во врската би се избегнале доколку жените гледаат на работите од машки агол. Тие понекогаш ја избегнуваат вистината бидејќи се плашат од женската реакција, а еве што многумина од нив би сакале отворено и искрено да ви кажат:

  • Јас не сум жена – не читам мисли!
  • Тоа што почна да ми опаѓа косата не е смешно. Како би реагирала ти ако се шегувам на сметка на твојата тежина?
  • Зошто да ти повторувам дека те сакам кога веќе еднаш ти го кажав тоа?
  • За секс ќе се согласам на сè!
  • Не можам секогаш да знам што ти пречи, само кажи ми и сè ќе решиме.
  • Понекогаш имам чудни еротски мисли кои не ги сфаќам сериозно и не сакам да ги делам со тебе.
  • Никогаш нема да ти простам неверство!
  • Не се сеќавам на секој детал од нашето минато, но тоа не значи дека не те сакам.
  • Ми треба малку самотија кога сум нервозен за да не ти речам нешто што не мислам и потоа да жалам за тоа.
  • Убава ти е новата фризура, но јас повеќе сакам долга коса.
  • Ако зборуваш нежно и полека, секогаш ќе те слушам
  • Понекогаш морам да ти кажам и “не“.
  • Моите очи повеќе забележуваат други жени кога ќе ме изнервираш.
  • Ако не ме поддржуваш кога се чувствувам лошо, тогаш нема да ти се доверам зошто сум вознемирен.
  • Ако мислам дека не можам да ти погодам се чувствувам неспособен.
  • Кога разговараме за спорт, а ти се однесуваш како да умираш од досада, сети се само колку пати сум слушал за твоите другарки и распродажби.
  • Најмногу сакам кога носиш фустани и здолниншта.
  • Мразам кога ми даваш совети иако не сум ги побарал. Се чувствувам како да живеам со мајка ми!
  • Љубовта не ми е доволна, сакам и да ме почитуваш.
  • Сакам сите мажи да ми завидуваат кога излегувам со тебе.
  • Ако зборувам едно, а правам друго, следи ги моите постапки и ќе знаеш што навистина мислам.
  • Не сакам да слушам за твоите поранешни момчиња!
  • Ако не мислиш дека си убава, нема да те убедам во тоа дури и ако ти повторам илјада пати.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag