Нередовната менструација е знак за паника

popara11 август, 20111min00
neredovna menstruacija

Тинејџерките со нередовни циклуси се склони кон дебелеење, дијабетес и болести на срцето повеќе од своите врсници со редовен менструален циклус.

Врската помеѓу нередовниот циклус и болестите на срцето кај постари жени е одамна откриена, но новите истражувања покажуваат дека ризикот од истите болести може да се дијагностицира многу порано.

Вежбањето ги ублажува симптомите на менструацијата

Дел од вината за споменатите проблеми ја имаат јајниците кои реагираат на промените во метаболизмот (на пр. зголемено ниво на инсулин). Овој податок сугерира дека одредени ризици поврзани со дијабетес се појавуваат пред проблемите со овулацијата.

Нередовната менструација може да укаже на синдром на полицистични јајници, кој може да предизвика проблеми со плодноста. Меѓутоа, раното откривање на проблемите може да допринесе за успешно лекување.

Научниците советуваат дека не треба да се верува на честите заблуди дека нередовната менструација во тинејџерските години е “сосема нормална работа“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag