Пред почетокот на фудбалскиот натпревар помеѓу Русија и Србија, додека се интонирале националните химни, навивачите на стадионот Локомотив на руски јазик скандирале: “Косово е Србија!” Пријателскиот натпревар завршил со победа на Русија 1:0.
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=Gw5V0h9NiXw
Во публиката, исто така, било развеано огромно знаме, кои го нагласувало пријателството помеѓу рускиот и српскиот народ.
– Рускиот народ е многу близок српскиот, речиси го зборуваме истиот јазик. Оваа врска треба да остане силна и да зајакне со текот на времето. Во иднина да бидеме уште повеќе поврзани, изјавил пред натпреварот селекторот на Србија, Владимир Петровиќ Пижон.